Повик за прибирање понуди за обезбедување ПР услуги

Share This Post

Скопје, 17.11.2023

Референтен број на повик: SB MKD/2023-01

                                                                                                        

Предмет: Повик за прибирање понуди за обезбедување ПР услуги во рамки на проектот “СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан”, финансиран од страна на Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.

УПАТСТВА ЗА ПОНУДУВАЧИТЕ

 

  1. Нарачател на услуги

 

Нарачател на услугите е Центар за истражување и креирање политики во рамки на регионалниот проект “СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан”, финансиран од страна на Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.

Адреса: Цицо Поповиќ бр. 6-2/9, 1000 Скопје,

web: www.crpm.org.mk  e-mail: crpm@crpm.org.mk

1.1. За проектот:

Centar za promociju civilnog drustva (CPCD) од Босна и Херцеговина, Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП) од С. Македонија и Институт за демократија и медијација (ИДМ) од Албанија го спроведуваат проектот СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, кој има за цел да придонесе кон  зајакнување на партиципативните демократии и евроатлантските интеграции во Западен Балкан преку јакнење и поттикнување на граѓанските организации (ГО) и мрежите на ГО за посилна и поактивна улога во процесот на создавање на мирни и инклузивни општества за одржлив развој во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, С. Македонија и Србија.

  1. Предмет на барањето

Предмет на барањето е ПР услуги за потребите на дводневната регионална конференција во рамките на СМАРТ Балкан проектот, која ќе се одржи на 14 и 15 декември 2023 година.

  1. Понуда

Понудувачот треба да достави понуда во која, согласно потребите на набавувачот, во понудените содржини треба да ја содржи следната спецификација:

  • ПР услуги: комуникација со локални; национални; регионални медиуми како што се N1, Al Jazeera Balkans, Euronews, Klan итн. (на македонски, албански, српски/босански/црногорски јазик);
  • ТВ и радио гостување (локално) на кое ќе се најави конференцијата и ќе се даде краток осврт на проектот;
  • Изготвување и споделување на покани до локални, национални и регионални медиуми (на македонски, албански, српски/босански/црногорски јазик);
  • Изготвување и споделување на соопштение до локални, национални и регионални медиуми, со даден осврт на првиот и вториот ден од конференцијата (на македонски, албански, српски/босански/црногорски јазик);
  • Прес клипинг извештај

3.1. Очекувани резултати:

  • Минимум 5 објави во локални медиуми, пишани и електронски (С. Македонија)
  • Минимум 10 објави во медиуми во Србија, пишани и електронски
  • Минимум 5 објави во медиуми во Босна и Херцеговина, пишани и електронски
  • Минимум 5 објави во медиуми во Албанија, пишани и електронски
  • Минимум 5 објави во медиуми во Косово, пишани и електронски
  • Минимум 5 објави во медиуми во Црна Гора, пишани и електронски
  • Минимум 5 објави во регионални медиуми, пишани и електронски
  • Присуство на минимум 3 ТВ медиуми на конференцијата

Доколку се исполнети сите барања се смета дека квалитетот е постигнат во целост.

  1. Содржина на понудите
  • Понудите, целата кореспонденција и документите поврзани со постапката кои ги разменуваат понудувачот и Нарачателот се пишуваат на македонски јазик со користење на неговото кирилично писмо.
  • Понудата треба да вклучи опрема, кратка методологија и опис на релевантното искуство на понудувачот со слични настани.
  • Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, броеви на телефон, факс, е-адреси за контакт како и лица за контакт.
  • Рок и начинот на испорака на услугите.
  • Вредност на понудените содржини и услуги изразена во денари.
  • Рок и начин на плаќање.
  1. Начин на поднесување на понуди

Понудите може да се поднесат најдоцна до 22.11.2023 година до 16:00 часот на следната електронска адреса: crpm@crpm.org.mk со назнака “Понуда за ПР услуги”.

Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, нема да се разгледува.

5.1. Временска рамка

Бр. Постапка Рок
1. Објавен повик на веб-страницата на ЦИКП и социјални мрежи 17.11.2023
2. Рок за доставување потполна финансиска понуда, пропратена со опрема, кратка методологија и опис на релевантното искуство на понудувачот со слични настани 22.11.2023
3. Избор на понудувач 27.11.2023
4. Заеднички состанок со избраниот понудувач 27.11 – 01.12.2023
5. Фаза на подготовка на ПР услугите 01.12 – 08.12.2023
6. Спроведување на ПР услугите 08 – 15.12.2023
7. Прес-клипинг извештај 16.12 – 20.12.2023
  1. Право на учество

Право да достави понуда има секој регистриран правен субјект – понудувач.

  1. Цена на понудата

Цената на понудата се пишува со бројки и букви.

  1. Валута на понудите

Цената на понудата се изразува во денари БЕЗ вклучен данок на додадена вредност.

  1. Критериуми за доделување на договор

Критериуми за доделување на договорот за ПР услуги е економски најповолна понуда. За носителот ќе биде избран оној понудувач кој ќе понуди најниска цена.

ЦИКП го задржува правото да ја прифати или одбие било која понуда. Изборот на понудата ќе се врши според процедурите за набавки на ЦИКП.

  1. Подготовка на фактура

По завршување на изборот за најповолен понудувач сите понудувачи во постапката ќе бидат известени за одлуката за прифаќање/одбивање на доставената понуда. Известувањето е од информативен карактер и не предизвикува правни последици.

Успешниот понудувач ќе биде информиран за прифаќањето на неговата понуда, најдоцна во рок од 3 работни дена од донесувањето на одлука за избор на најповолна понуда. Нарачателот го задржува правото да побара дополнителни документи од понудувачот. Најуспешниот понудувач ќе подготви фактура ослободена од данок.

  1. Поврзани документи

Концепт и програма на конференцијата (Анекс 1)

More To Explore

Activities

Call for Mentors | GBWN

Gender Budget Watchdog Network is looking for 5 mentors to guide and support