
Во рамки на работните обврски во ЦИКП волонтерите ќе имаат прилика да се стекнат со комуникациски и организациски вештини преку нивната работа на изработка и управување со проекти и настани, комуникација, канцелариско и административно работење и истражување.
Предуслов за успешна волонтерска соработка е кандидатите да имаат одлично познавање од англискиот јазик (познавање и на албански ќе се смета за предност), да имаат активно познавање во работа со компјутер (работа на што поголем број програми како и одржување на социјални мрежи ќе се смета за предност) и да се дипломирани/ или при крај на студиите на некој од општествените факултети.
Заинтересираните кандидати потребно е да аплицираат на следнава адреса: crpminternship@gmail.com, со испраќање на кратка биографија (CV) и писмо за мотивација најдоцна до 4ти ноември 2012 година. Во вашата кратка биографија задолжително да биде наведен и контакт телефон.
Изборот на пријавените ќе биде на 5 ноември по што ќе бидат контактирани само избраните кандидати.
ЦИКП не ја исклучува можноста за долгорочна соработка со избраните кандидати и после завршувањето на волонтерскиот период.
