Нова Македонија 03.04.2013

Share This Post

ЖЕРНОВСКИ И ТОДОРОВИЌ ВО БОРБА ЗА СЕКОЈ ГЛАС

Обвинувања за тоа кој се плаши, а кој не, за тоа кој од кого ја копира програмата, тврдења дека противникот лаже, закани за тужби, епитети од типот на шарлатан, се работите со кои двајцата кандидати за градоначалник на Центар, Андреј Жерновски и Владимир Тодоровиќ, влетаа во вториот круг од локалните избори. Разликата од 1.473 гласа повеќе за кандидатот на опозициската коалиција „Сојуз за иднината“, неизвесноста дали сѐ ќе се заврши во првиот круг, до која дојде и поради бавното броење на гласовите од страна на Државната изборна комисија, и тврдењата на опозицијата дека МВР на граѓани од Пустец и од внатрешноста им издала биометриски лични карти за гласање на адреса на станови во Центар ја подигнаа атмосферата и ја зовреа кампањата… (More…)

More To Explore