На ТВ Телма промовирaвме две Смарт Старт социјални претпријатија – ХубИТ и ХуманаС.

Share This Post

#smartstart4u

Камера ! Акција !

Денеска, во рамки на Утринска на Телма / Utrinska na Telma, промовирaвме две Смарт Старт социјални претпријатија – ХубИТ и ХуманаС. Дополнително, во студиото во Tv Telma беше и Нина Кепеска, менаџерка за општествена одговорност и односи со јавноста во Adora Engineering / Адора Инженеринг Скопје – Добар бренд кој им дава менторска поддршка на ХуманаС.

Емилија Робановска од ХуманаС посочи дека се горди на нивната општествена мисија – нега на стари лица во домашни услови која ќе ја пружаат социјално ранливи негувател(к)и, додека пак Магдалена Димкова од Open the Windows/Отворете ги прозорците посочи дека со нетрпение очекуваат да почнат да ги тестираат интернет страниците на големите компании за тоа колку истите се пристапни за лица со одредена вид попреченост.

More To Explore