Како да се справивме со климатските промени и социјалните последици во земјоделството, шумарството и животната средина?

0
53

❓ Како Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се справува со последиците од климатските промени?
❓ Во насока на родовата интеграција во климатските промени, како ќе се усогласи родот во финансирањето на климатските промени?
❓ Кои мерки Владата ги презема да одговори на потребите на руралните жени во справувањето со временските непогоди?
❓ Дали националната комуникација како дел од Парискиот договор, која е во фаза на подготовка, ќе вклучува родова перспектива?
❓ Кои се клучните секторски предизвици во земјоделство и шумарство во однос на климатските промени?
❓ Кои се најзначајните ресурси во овој процесот на имплементација на политиките и другите стратешки докумети во поглед на климатските промени?

Климатските промени не познаваат граници. Дали регионални иницијативи ќе овозможат поефективно справување со климатски промени?

Ова беа само дел од прашањата на коишто се дискутираше на втората панел-дискусија под наслов “Како да се справивме со климатските промени и социјалните последици во земјоделството, шумарството и животната средина?”, во рамки на Петтата пленарна сесија на Национална конвенција за ЕУ во С. Македонија, која што се одржа на 01.12.2022 година.

Дискусијата ја модерираше извршната директорка на ЦИКП, д-р Марија Ристеска, а говорници беа: министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заменик министерката за животна средина, Христина Оџаклиеска, Претседателот на комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, г-дин Љупчо Димовски, проф. Ордан Чукалиев, проф. Иван Блинков и претставници на граѓанскиот сектор.