Инфографик: Што се добива со учество во европскиот работнички совет?

0
257

Во последните години во државата се отворија многу работни места во мултинационални компании или групации. Меѓутоа работниците се малку заинтересирани за синдикално организирање и немаат доволно информации за своите права, за можностите и придобивките од синдикално организирање, во кои спаѓаат и работничките совети.

Долгорочно, тоа може да го отежни остварувањето на работничките права, затоа добро информирајте се за придобивките од здружувањето!

Инфографикот содржи информации за тоа како да станете дел од европските работнички совети, која е улогата на синдикатот во процесот, но и кои се придобивките. Повеќе детали, совети и препораки прочитајте во нашиот Водич за вработени.