Буџетски иницијативи во општина Крушево

0
132
Буџетски иницијативи/активности кои беа приоритизирани од граѓаните, а општина Крушево ги вклучи во годишните програми и буџет за 2022 година.
Во месец мај 2021 во Општина Крушево/Municipality of Krusevo спроведовме форум во заедницата на кои учествуваа 59 жени и 28 мажи во рамки на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“.
Целта на форумите беше вклучување на граѓаните, особено жените и маргинализираните заедници, преку идентификување на локалните проблеми и решенија во креирањето на годишните програми и буџетот на општина Крушево 2022 година.
Запознајте ги нашите подгрантисти од Центар за хумани односи-Крушево кои во рамки на проектот „Низ женски леќи“ финансиран од Европската Унија ќе го спроведат проектот „Имплементирање и мониторинг во реализација на родовите перспективи во социјалната програма, програмата за млади и спорт и програмата за образование во општина Крушево“. Како почетна активност на проектот, остваривме средба со координаторката за еднакви можности на Општина Крушево/Municipality of Krusevo.

Целта на проектот е имплементирање на родови перспективи во клучните програми на буџетот на општина Крушево.
Преку активно следење на работата на општинската администрација и членовите на Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Крушево, подгрантистите ќе изработат мониторинг извештај користејќи алатки за родово одговорно буџетирање.