Развој кој ги задоволува потребите за сегашноста без да се загрозат можностите на идните генерации да ги задоволат сопствените потреби е најчеста дефиниција кога станува збор за овој вид развој. Ние во ЦИКП сме посветени на промоцијата и залагањето за одржлив развој во сите негови форми, преку развој на проценки за потребите и студии поврзани за Македонија и балканскиот регион и подготовка на акциски планови со цел исполнување на Целите за одржлив развој (ЦОР). Градење издржливи општества, способни да прават рамнотежа помеѓу економскиот раст, заштита на животната средина и промовирање на основните човекови права и демократските принципи е нашата водилка во работењето.