Родовото одговорно буџетирање (РОБ) е аналитичка рамка која опфаќа разни алатки за буџетска анализа од родова перспектива. ЦИКП ги процени влезни точки за РОБ во македонскиот буџетски систем на централно и локално ниво, има изградено капацитет за РОБ (водич, обука и менторска програма за јавна администрација, општински советници и активисти на граѓанските организации) и применува проценка на родовите корисници, како и анализа на расходите за родовиот буџет, т.е. анализа на трошоците и нивната целисходност.