Горди сме што зад себе имаме организирано натпревар за најдобри социјални иновативни идеи. На последниот јавен повик во потесен круг влегоа пет идеи кои можете да ги погледнете подолу.

На овој повик преку онлајн гласање победи ссоцијално иновативната идеја под наслов ГАРБ, но ништо помалку вредни не беа ниту останати четири.

 

1. ГАРБ – Интерактивна еколошка мобилна апликација

Мобилната апликација ќе нуди пакет услуги за различни целни групи (јавни претпријатија кои работат со собирање на отпад – ЈП Комунална хигиена, приватни претпријатија, Пако-Мак, граѓаните, граѓанските организации), како што се: мапирање места на отпадни локации, вид на отпад и состојба со контејнерите, лоцирање диви депонии и можност за организирање настани за собирање на отпадот, информации за места и време за собирање кабаст отпад и градежен шут, контакт со надлежните институции и организации кои работат со отпад, споделување на вести од апликацијата на социјалните мрежи и известување за нови информации и услуги во реално време. Апликацијата ќе гарантира приватност и безбедност на податоците и личните информации, како и релевантноста на собраните и објавените информации. Ќе се примени т.н. сrowdsourcing како иновативен модел за собирање податоци од корисниците, а во исто време ќе се прикаже како граѓаните може да придонесе во решавањето на општествените проблеми. На овој начин, секој кој ќе ја користи апликацијата, ќе може да мапира локација за контејнери, обележи преполн контејнер, да укаже и мапира диви депонии, но и да прикачува слики и коментари. Со ова ќе се има влијание врз подигнувањето на еколошката свест помеѓу граѓаните, а со тоа и на самиот изглед на градот.

2. Секој Може Да Даде Придонес

Целта на оваа идеја не е само да се создаде платформа која ќе им помага на самохраните родители, туку да се создаде општество на солидарност, сочувство и можност самохраните родители да водат нормален живот. Создавање апликација / веб-страница ќе понуди стабилна врска помеѓу самохраните родители и компаниите и потенцијалните работодавци, создавајќи можности за вработување, обука од невладини организации и образовни институции, а сé со цел – подобрување на нивните вештини. На овој начин самохрани родители ќе имаат поголема можност да се интегрираат на пазарот на труд. Една од алатките на апликацијата / веб страницата ќе биде да се охрабрат самохрани родители да ги нудат своите услуги.

На овој начин, ќе се создаде простор за сите сертифицирани родител да нудат онлајн курсеви во областа во која се специјализирани, како и рекламирање на нивните производи и услуги. Оваа апликација/ веб-страница, исто така ќе има алатка за нудење дадилски услуги. Студентите како и други специјализирани дадилки ќе можат исто така да ги нудат своите услуги.

3. Make It Matter Macedonia

Make it Matter Macedonia има за цел да се координираат локални ресурси за креирање на производи за LOHAS (Lifestyles Organic Health and Sustainable) пазарен сегмент, комбинирајќи рециклиран материјал со производство од рацете на луѓето со посебни потреби од Ј.У. Специјален Завод-Демир Капија и локалните невработени жени (дизајнерки и занаетчики). Координирани од Plenty Practical, производите од Make it Matter Macedonia, ќе бидат претставени на пазарот и продавани. За да се исполни социјалната мисија на Make it Matter Macedonia, Plenty Practical 100% ќе ја реинвестира нето добивката во продолжување на имплементација на концептот, со што ќе се продолжи со дизајн и производство на уникатно дизајнирани производи за LOHAS пазарниот сегмент. Oва ќе влијае врз вработеноста во реонот на Демир Капија, а ќе придонесе и кон намалување на текстилниот отпад.

4. Рециклирај и Добиј Бонус

Главната цел на оваа идеја е да се собира искористеното масло за јадење од домаќинствата, со цел да се заштити животната средина и да се обезбеди финансиска корист за луѓето кои ќе го прават тоа. Во супермаркетите ширум општините ќе бидат поставени машини кои ќе содржат посебен отвор за предавање на маслото со што ќе се напушти досегашната пракса тоа да биде исфрлано во кујнските мијалници. Оваа акција ќе има непосредно влијание на заштита на животната средина и однесувањето на домаќинствата. Луѓето кои ќе го предадат употребеното масло за готвење во машините, ќе добиваат по 10 денари за литар, односно 5 денари за половина литар. Исто така, машините ќе може да издаваат вредносни картички кои ќе може да се користат во самопослуги, јавниот превоз, бензински пумпи или во Зоолошка градина. Собраното масло ќе завршува кај производителите на био-дизел гориво и рафинериите.

5. Повторно Искористување На Тарпаулин За Промоција На Велосипедизмот

Основната идеја на оваа пријава е повторно искористување на стар тарпаулин (материјал кој се користи за банери, рекламни табли и постери) за производството на дизајнирани и урбани монтажни вреќи за велосипеди во кои ќе може да се складира и превезува стока / лични работи. За оваа цел, веќе  е формирано партнерство помеѓу дизајнерот кој има искуство во повторно користење на церада од билборди во производството на облека и додатоци и организација која има искуство со велосипеди и екстремни спортови. Продажбата на овие вреќи ќе се oдвива преку веќе воспоставените локалните продавници. Локалните продавници, особено продавниците за велосипед ќе биде нивна примарна цел, бидејќи истите веќе имаат пристап до мнозинството целни купувачи. Покрај тоа, ќе се примени и непосредна продажби со претпријатија кои имаат потреба за вакви вреќи, како што курири-велосипедисти, најмувачи на велосипеди и туристички агенции кои нудат велосипедски туризам. На овој начин ќе се понуди решение за два проблема: намалување на отпадот од церада и негова повторната употреба во производството на велосипедски вреќи и поттикнување на вработеноста.

Final scoring after the end of the online voting