Поттикнување на националниот и локалниот дијалог околу предизвиците поврзани со унапредувањето и подобрување на енергетската ефикасност е основата за подобрување на енергетските портфолијата на самата држава и општините. Посветени сме на обединување на државните и локалните засегнати страни да разговараат и воспостават заеднички цели, со цел да се намали вкупната потрошувачка на енергија, да се зголеми користењето на обновливите извори на енергија и да послужат како добар пример во соодветните заедници кои треба да бидат следи од страна на граѓани. Се фокусираме и на климатските промени и последици врз соодветните региони и влијанието врз локалниот бизнис, земјоделството и животниот стандард. Работата и ангажманите на ЦИКП во овие области ја прави нашата организација релевантен партнер во процесот на консултации со влијателни чинители, како и во подигнување на свеста кај граѓаните.