Одржана завршната средба на проектот “Градење на здрави животни навики на момчињата во Гостивар и Ѓорче Петров”

Share This Post

Вчера, 21.06.2023 година, ја одржавме завршната средба на проектот “Градење на здрави животни навики на момчињата во Гостивар и Ѓорче Петров”, на која ги споделивме искуствата стекнати од реализација проектот и постигнатите резултати.

Настанот го отвори извршната директорка на ЦИКП, Марија Ристеска, истакнувајќи го задоволството од успешната адаптација на Иницијативата за момчиња на национално ниво, преку процесот на соработка со партнерските организации, соработката со институциите и општините.

Заменик Амбасадорот на Кралството Холандија во С. Македонија, Роберт Декер, ја истакна важноста од практична имплементација на одредбите од Истанбулската конвенција на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство.

Директорката на педагошката служба при Министерство за образование и наука, Вангелија Велева, изјави дека “Особено е важно да се обрне поголемо внимание на воспитната компонента при образованиот процес, како и развивање на понатамошна соработка меѓу институциите и здруженијата на граѓани“.

Вања Јошиќ, кој е проектен координатор на CARE International Balkans, даде кус осврт на Балканската компонента на Иницијативата за момчиња истакнувајќи дека „Всушност нема проблематични момчиња, туку проблематични однесувања на кои што треба да се работи“.

На панел дискусијата разговаравме околу искуствата од реализирање и адаптирање на Иницијативата за момчиња на национално ниво заедно со Блерита Мустафаи Мазлами – психолог во СЕОУ „Гостивар“, Елтон Јашари – Врснички едукатор, Анита Николовска – Извршна Директорка на Младите Можат.

На средбата заклучивме дека Иницијативата за момчиња побуди голем интерес кај момчињата кои беа активно вклучени и имаа можност да го продлабочат своето знаење за темите кои ги опфаќаат родови односи, здравје и насилство.
Дополнително, учесниците се согласија дека има потреба од проширување на оваа програма во повеќе општини низ државата.