На покана на Кабинетот на Заменик на Претседателот на Владата за европски прашања, г-дин Бојан Маричиќ, извршната директорка на ЦИКП, Марија Ристеска и програмскиот координатор на СМАРТ Балкан проектот Александар Цеков, вчера (30.01.2023) присуствуваа на отворањето на годишната конференција „Година на нови можности“ организирана од страна на Владата.
Целта на конференција беше да се констатираат резултатите од работата на Владата во изминатата година како и предизвиците и перспективите на општествено-политички план, во претстојната година.
Тимот на ЦИКП со особено внимание ја проследи првата панел дискусија на конференцијата која што беше посветена на #ЕУ интеграциите и реформските процеси на која што беа нотирани предизвиците со кои што се соочува евроинтегративниот и реформски процес, со посебен фокус на дигитализацијата, борбата против корупција и реформите во правосудството како едни од клучните теми на кои што земјата би требало да се посвети во наредниот период.
ЦИКП посветено работи на гореспоментите, но и на останатите, теми поврзани со интегративниот процес и настојува да даде значителен придонес преку препораки за јавни политики засновани на аргументи со цел да го подржи Евроинтегративниот и рефорски процес во државата.