Јавен повик за најдобра фотографија на тема „Енергетска ефикасност и рационално користење на енергијата – предизвик за сите нас“

Share This Post

Центарот за истражување и креирање политики во рамки на проектот „Иницијатива за јакнење на јавниот дијалог за одржливо користење на енергијата“ финансиран од Европската унија, распишува конкурс за најдобра фотографија и цртеж на тема „Енергетска ефикасност и рационално користење на енергијата – предизвик за сите нас“. Ги повикуваме сите оние кои сакаат да земат учество во овој натпревар, да испратат фотографија или цртеж на е-поштата crpm@crpm.org.mk , односно на адресата ул. Цицо Поповиќ 6-2/9, 1000 Скопје .

Фотографиите и цртежите треба на посреден или непосреден начин да ги допираат темите „енергетска ефикасност“ и „рационално користење на енергијата“, односно во себе да содржат порака за начинот на кој се постапува со енергетските ресурси и потенцијали во Република Македонија, како и начинот на кој се троши енергијата во земјава. Со други зборови, можат да се испратат фотографии или цртежи кои посочуваат на позитивни и/или негативни примери на постапување со енергијата, независно за каков вид на потрошувач станува збор (домаќинство или компанија).

Вашите фотографии и цртежи ги очекуваме најдоцна до 10.05.2015 година.

Фотографиите и цртежите ќе бидат изложени на Саемот за енергетска ефикасност што ќе се одржи во Битола од 15-17 мај, а комисија составена исклучиво за оваа намена, ќе ги оцени, а потоа и прогласи најдобрите на кои ќе им бидат врачени пригодни награди.

На конкурост можат да учевствуваат сите лица, независно од возраста, а при испраќање на фотографиите и цртежите, да се наведе име и презиме на авторот, контакт телефон и место на живеење.

Напомена: цртежите треба да бидат изработени на блок лист во било која техника, а потоа испратени по пошта на ул. Цицо Поповиќ 6-2/9, 1000 Скопје.

За дополнителни информации, ве замолуваме да нѐ исконтактирате на:

Е-пошта: zlatkosimon@gmail.com

Телефон: 02/3109932

 

 

 

 

 

 

 

More To Explore