Повик за пријавување на учесници (новинари) за обука

Share This Post

  

Град Скопје во соработка со  Центарот за истражување и креирање политики објавуваат повик за пријавување на кандидати (новинари) за обуката:
„ВОВЕДУВАЊЕ НА РОДОВО СЕНЗИТИВНА КУЛТУРА ВО МЕДИУМИТЕ“.

Обуката е наменета за новинари од националните и локални медиуми и има за цел да го претстави концептот на родово балансирано известување и да ги зајакне капацитетите на целната група, од аспект на родово сензитивно известување. Оваа обука се организира во рамки на проектот „Воведување на родово сензитивна култура во медиумите“ кој го спроведува Центарот за истражување и креирање политики, со финансиска поддршка од Град Скопје

Обуката е еднодневна и ќе се одржи на13-ти декември 2012 година, со почеток во 11:00 часот во НВО Центарот на Град Скопје (лоциран во Младинскиот културен центар, прв кат).

Заинтересираните новинари потребно е да се пријават најдоцна до 10-ти декември 2012 година. Пријавувањето се врши со испраќање на професионална биографија (CV) на: rikanmk@gmail.com

Во рамки на обуката ќе бидат презентирани и првичните резултати од родовиот мониторинг на печатените медиуми и телевизиските реклами.

За повеќе информации Ви стоиме на располагање на веќе наведената контакт адреса или на телефонскиот број 3109-932.

More To Explore