Повик за поднесување на апликации-Смарт Старт

Share This Post

Смарт Старт

Одржливо влијание на граѓанското општество преку социјално претприемништво и иновации во Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора, Србија и Турција

 

Краен рок за поднесување на апликациите е 13 јуни 2016 година

 

 1. Цели и опис

Смарт Старт е регионален проект, финансиран од ЕУ – Програма за поддршка на граѓанското општество и медиумите 2014 – 2015 (поддршка за тематските регионални мрежи на организации на граѓанското општество).

Овој проект се спроведува во земјите-кориснички на ИПА, во земјите од Западен Балкан и Турција, преку проектниот конзорциум: Центар за промоција на граѓанското општество – ЦПГО (Босна и Херцеговина), Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП (Македонија), Институтот за претприемништво и економски развој – ИПЕР (Црна Гора), Центар за развој на непрофитниот сектор (Србија) и YADA-фондацијата (Турција), со поддршка на КЕСИР ХР оd Хрватска.

Општата цел на Смарт Старт: да се помогне во креирање на соодветна средина за социјално претприемништво на организациите од граѓанското општество (ГО) и да се подобри нивната одржливост, финансиска одржливост и социјално влијание во Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора, Србија и Турција.

Во рамките на посебните цели поврзани со зајакнување на финансиската одржливост и влијание на 50 одрбани ГО во петте партнер-држави преку почетна финансиска помош, социјално и еколошко одговорно користење на стратегии за само-финансирање, социјални иновации и социјално претприемништво, Смарт Старт проектот ги поканува организациите на ГО да аплицираат за поддршка при развојот на активности кои генерираат социјален бизнис/приходи.

Прва фаза: Смарт Старт ќе избере 100 ГO во 5 држави (20 по држава) кои ќе добијат точно определена поддршка за градење капацитети кои имаат за цел да развијат вештини потребни за социјално претприемништво на ГО.

Втора фаза: изборот на грант-корисниците ќе се заснова на бизнис планови поднесени од 100те ГО (20 по држава), учесници во програмата за градење капацитети од првата фаза. Финансиската помош ќе се користи како средства за почеток на бизнисот (startup) за избраните ГО, а подобните трошоци ќе се однесуваат на купување на неопходната опрема, услуги, обучување на кадарот, материјали итн.

2. Распределба на финансиски средства овозможени од Смарт Старт

Вкупната индикативна сума за финансиска поддршка за избраните ГО е 308 500 EUR. Смарт Старт конзорциумот го задржува правото да не ги додели сите достапни средства.

Финансиската помош по избрана ГО ќе биде во износ од максимум 6 170 EUR. Минималното учество од ГО е минимум 10% (односно Смарт Старт проектот ќе обезбеди средства во висина од 5 553 EUR, а придонесот од ГО е во висина на 617 EUR).

Придонесот во натура од ГО не е прифатливо како придонос, но би донело дополнителни поени при оценувањето на бизнис планот. Оценување на бизнис план: март 2017 година Спроведување на проектите: април 2017 – април 2018

 

Краен рок за аплицирање: 13 јуни 2016 година

Селекција на 100 ГО: 20 јуни 2016 година

Обука: септември 2016 – февруари 2017

3. Критериуми за квалификуваност

За да ги исполнат критериумите за поддршка од Смарт Старт, апликантите мора да:

1. бидат непрофитна организација, регистрирана како здружение на граѓани или други слични форми на организации на граѓанското општество (фондациите не се подобни);

2. бидат локална организација регистрирани во една од следниве држави: Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора, Србија и Турција;

3. имаат идеја за продавање на производи и/или услуги на ГО со цел да ја зајакнат својата одржливост и да обезбедат постојана поддршка за корисниците или веќе почнале со активности за генерирање на приходи во нивните ГО (вклучувајќи и финансирање на одделни правни тела во сопственост на ГО).

Областа во која делува ГО не е важна, но се претпочита апликантите да се организација на граѓанското општество која има членови.

4. Процес на аплицирање

4.1. Временска рамка за аплицирање

4.2. Документи кои треба да се поднесат

 

A. Формулар за аплицирање

 

B. Пропратни документи

 

 Доколку аплицирате како ГО која за првпат започнува со својата економска активност или како ГО која ја развива веќе постоечката економска активност, но не се регистрирани како одделно правно тело:

 

o Копија за регистрација/основањето на ГО

 

o Копија од статутот на ГО

 

o биланс на приходи и расходи и биланс на состојба за фискалните години 2015 и 2014;

 

 Доколку аплицирате како ГО кој веќе има регистрирано социјално претпријатие

 

o Копија за регистрација/основањето на ГО

 

o Копија од статутот на ГО

 

 

o биланс на приходи и расходи и биланс на состојба за фискалните години 2015 и 2014 за ГО и за компанијата која е во сопственост на ГО.

 

4.3. Поднесување на апликацијата

Заинтересираните ГО треба да испратат барање за формуларот за апликација на една од наведените адреси, во зависност од државата во која се регистрирани:

Босна и Херцеговина smartstart@cpcd.ba
Македонија smartstart@crpm.org.mk
Црна Гора iper@t-com.me
Србија smartstart@crnps.org.rs
Турција smartstart@yada.org.tr

 

More To Explore