ИВАНОВ ЗАИГРА ТВРДО, ПОПОСКИ ТАКТИЗИРА

Share This Post

Откако Иванов рече дека се создадени услови да се побара од Советот за безбедност на ОН ефектуирање на пресудата од Хаг од 2011 година, а министерот Попоски тоа го нарече констатација а не и најава за акција, се отвори прашањето дали има координација во државно-владиниот врв, или се работи за договорена тактика

Претседателот Ѓорге Иванов во почетокот на неделава рече дека се создадени услови да се побара од Советот за безбедност ефектуирање на пресудата на Меѓународниот суд на правдата. Оваа негова изјава беше протолкувана како нова стратегија на Македонија во однос на спорот за разликите за името. Но на крајот на седмицава од министерот за надворешни работи Никола Попоски стигна оцената дека изјавите на Иванов биле само констатација. Поради овие изјави се отвори прашањето дали Владата и претседателот не се координираат меѓу себе или, пак, се работи само за политичка игра. Иако изгледа како несогласување, речиси никој не верува дека навистина се работи за тоа. И од кабинетот на Иванов тврдат дека не е така…(More…)

More To Explore