Донација на велосипеди наменета за ООУ “Ѓорѓија Пулевски”

Share This Post

Денес, на свеченото отварање на најголемиот велодром во Град Скопје во ООУ “Ѓорѓија Пулевски” во Општина Аеродром, Центарот за истражување и креирање политики донираше 10 велосипеди наменети за учениците.
Велосипедите беа набавени во рамки на проектот “Здрави навики за здрава околина”, финансиран од Шведска преку Програматата за развој на Обединетите нации.
Една од целите на проектот е мотивирање на граѓаните од Општина Аеродром, како општина со најдобра велосипедска инфраструктура, да ги користат своите велосипеди како превозно средство во замена за автомобилите.
Силно веруваме дека преку градење здрави навики уште од најмала возраст, придонесуваме кон поздрава и позелена иднина за сите.
Во знак на благодарност, на тимот од ЦИКП му беше врачена и благодарница од директорот на ООУ “Ѓорѓија Пулевски”, г-дин Марјан Јовановски.

More To Explore