Буџетски иницијативи во општина Старо Нагоричане

Share This Post

Буџетски иницијативи и активности кои беа приоритизирани од граѓаните, а општина Старо Нагоричане ги вклучи во годишните програми и буџет за 2022 година.
Во месец мај 2021 во Општина Старо Нагоричане спроведовме форум во заедницата на кои учествуваа 40 жени и 20 мажи во рамки на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“.
Целта на форумите беше вклучување на граѓаните, особено жените и маргинализираните заедници, преку идентификување на локалните проблеми и решенија во креирањето на годишните програми и буџетот на општина Старо Нагоричане 2022 година.
Запознајте ги нашите подгрантисти од Организација на жени на општина Велес кои во рамки на проектот „Низ женски леќи“ финансиран од Европската Унија ќе го спроведат проектот „Родово одговорна општина Старо Нагоричане“. Минатата недела, остваривме средба со координаторката за еднакви можности и Жаклина Јовановска Градоначалник на Општина Старо Нагоричане

Целта на проектот е обезбедување позабрзан и рамномерен социо-економски развој и подобрување на квалитетот на живеење на локалното население.
Преку активно следење на работата на општинската администрација и членовите на Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Старо Нагоричане, подгрантистите ќе изработат мониторинг извештај користејќи алатки за родово одговорно буџетирање.

More To Explore